Курсот е наменет за медицински работници, главно од земјите на Западен Балкан. Програмата овозможува подготовка за испитот „Тест на познавање на   на словенечкиот стручен јазик за лекари“ и достигнување на ниво Ц1, кое е задолжително за лекари – специјалисти. Исто така, минималното потребно познавање на словенечки јазик за останатиот медицински персонал на ниво (Б2).

Курсот се базира на учебник изработен како главен едукативен материјал за изучување на словенечкиот како втор странски јазик за медицински персонал. Курсот го води една од авторите на учебникот Емилија Нешовска Чретник.

По завршување на курсот, учесниците можат да полагаат испити за да се стекнат со сертификат од „Лекарското друштво на Словенија“. Сертификатот е еден од условите за завземање на професионални позиции во Словенија, еднакво на стручното образование стекнато во вашата земја.

Според професорката Емилија: „Курсот за словенечки јазик за медицински персонал е специјализирана онлајн програма која нуди можност за изучување на словенечкиот јазик за потребите во медицината. Лекарите и медицинскиот персонал ќе имаат можност да го научат словенечкиот јазик за секојдневна употреба и ефикасно комуницирање на работното место со пациентите, колегите и другите членови на тимот. Очекуваме дека учесниците успешно ќе го положат испитот на ниво Ц1 и ќе можат да започнат со работа во здравствените установи во Словенија.

Курсот за словенечки јазик за медицински персонал им помага на странските специјалисти да се интегрираат во словенечката медицинска средина. Ваквите курсеви се корисни за лекари, стоматолози, медицински сестри, физиотерапевти, акушери-гинеколози, терапевти, козметолози, терапевти за рехабилитација, психолози и други медицински и парамедицински специјалисти. Курсот е спој на стручно знаење и потребна терминологија за реализација на идна медицинска кариера во Словенија