Навистина ми се допаѓа 2ТМ курсот по словенечки јазик. Го започнав курсот затоа што ми требаше поради факултетот. Имав 2 професори кои беа многу љубезни и ме научија многу. Ако треба да научите јазик од која било причина, ви препорачувам 2TM.

Многу ми се допаѓа курсот, книгата е добра, начинот на работа е многу подобар од очекуваното. Професорот е фантастичен. Се надевам дека ќе продолжам на следното ниво со истиот професор.

Моите причини се многу едноставни, сакам да учам словенечки бидејќи го проширувам мојот бизнис на словенечкиот пазар и затоа сметам дека тоа е правилен пристап да можам да разговарам со идните клиенти на нивниот мајчин јазик.

Презадоволна сум од 2TM курс.. научив многу. Словенечкиот јазик ми требаше поради уписот на факултет каде што се бараа знаење на јазикот на Б2 ниво. Вработените во 2TM се многу професионални.

Здраво. Јас сум Павлина Ѓорѓиеска. Доаѓам од Р.Македонија. Желбата да живеам во Словенија ми беше од моите студентски денови, сакав да запишам и магистерски студии тука, па почнав да учам самата словенечки јазик од видеа. Но, пред неколку месеци најдов работа и сега живеам во Словенија. На работа имавме курс по словенечки јазик. Но, на работа морам добро да го усовршам јазикот поради контакт со нарачатели, исто така и кас сакам за да немам проблеми при контак со луѓето. Затоа се одлучив да се запишам на курс.
За вас знаев уште кога сакав да запишам магистерски. Многу сте добри и професионални, и не направив грешка. Курсот е супер, многу ми одговара групата. Доста учам. Госпоѓа Маја придонесува за сето тоа, доста добро објаснува и секогаш е достапна за се што ни треба.
Секој јазик е добро да се учи и знае. Вложување во курс за да научиш јазик е добра инвестиција секогаш. Особено добро е да научиш јазик доколку живееш во таа држава.

Го избрав 2ТМ курсот затоа што часовите се интерактивни и има многу задоволни студенти.Курсот е многу интересен. Учиме не само граматика и зборови, туку и изговор - сите зборуваме. Сите предавачи се многу љубезни и имаат многу трпение и разбирање, се трудат да ни го олеснат учењето и да ни помогнат да го научиме јазикот што е можно поскоро.

