Започнавме со онлајн курсеви по словенечки јазик. Разговаравме со една од нашите професори, Настја Радош, за тоа како се одвиваат онлајн часовите, што можат посетителите на овие часови да очекуваат и на крајот што може да научат.
– Настија, здраво. Ве молам, кажете ни нешто повеќе за себе: која е вашата професија, колку долго предавате словенечки јазик, што најмногу сакате во вашата работа?
– Поздрав за сите, моето име е Настја Радош, јас сум професор по словенечки и шпански јазик. Предавам словенечки јазик како втор странски јазик повеќе од пет години, но уште додека бев студент, веќе активно соработував со најразлични училишта за странски јазици. Во мојата професија најмногу ја сакам комуникацијата со луѓе. А работата со странски студенти носи и дополнителни предности како на пример запознавање со различни култури и навики.
– Курсевите за изучување на јазик се најпопуларни во сегментот онлајн учење. Кажете ни како се одвиваат онлајн часовите, дали има некакви особености?
– Онлајн часовите се многу организирани, со посебен нагласок на повторувањето. Воглавно сме фокусирани на комуникацијата. Секогаш се трудам да ги привлечам и најсрамежливите студенти да соработуваат и да се вклучат. Атмосферата е секогаш пријатана, а анализата на грешките кај курисистите многу е корисна за учење.
– Што мислите за курсевите за странски јазици од ваше гледиште како професор: предностите, недостатоците, колку се ефикасни и дали можат да ја заменат класичната настава?
– За себе, пред се, гледам продуктивна употреба на времето, кога јас како професор можам да работам од дома. Ова е многу ефикасно, бидејќи како резултат на тоа часовите можат многу ефикасно да се планираат и однапред да се осмислат. Многу работиме онлајн. Меѓутоа, јас лично многу повеќе го сакам класичното образование, воглавно поради работата во парови или групи. Учесниците можат да изведат интересен дијалог „во живо“, понекогаш дури и нешто да одпеат…. Исто така сакам да ги носам во обиколка на Љубљана и Љубљанскиот замок.
– Кои наставни методи се користат во онлајн учењето?
– Што привлекува повеќе внимание? Јас ставам нагласок на говорот, а посебно на употребата на новиот речник во вистинити, корисни ситуации. Исто така не пропуштам можност да им ги укажам на студентите сличностите помеѓу нивниот јазик (руски, украински, црногорски, српски, македонски…. ) со словенечкиот, што им ја олеснува перцепцијата на новиот јазик. Исто така разговараме за разликите и сличностите во културата,слушаме различна традиционална музика од различни земји и учиме од илустриран материјал.
– Дали користите дополнителни можности за онлајн учењето, коипто се појавуваат покрај интернетот – линкови од датотеки, електронски материјали и така натаму?
– Да, користам дополнителни можности за време на курсот, често испраќам е-пошта до студентите со различни интересни информации за Словенија (адреналински паркови, знаменитости, историски знаменитости, анегдоти и изреки, линкови до цртани филмови и книги на словенечки јазик, како и познати словенечки песни).
– На кој јазик се одвива наставата?
– Поголемиот дел од наставата се одвива на словенечки јазик, но понекогаш од курсистите се бара и објаснување на англиски јазик. Во тој случај барам од некого од гpупата дополнително да го повтори тоа што е кажано на својот мајчин јазик, за на тој начин сите да разберат за што станува збор.
– Што со студентите, коишто не зборуваат ниеден странски јазик? Како да се дојде до меѓусебно разбирање?
– Тие ученици обично многу брзо се префрлуваат на словенечки јазик :). По правило, еден од курсистите, којшто го зборува нивниот јазик ја преведува суштината на својот мајчин јазик. Употребата на илустриран материјал поткрепена со многу илустративни примери многу помага во наставниот процес. Исто така, посветувањето на внимание на употребата на едноставен речник којшто е сличен со нивниот јазик. Многу често ќе нацртам нешто на таблата и тогаш заедно се смееме на мојте „не“уметнчки способности.
– Дали курсистите добиваат домашна работа?
– Скоро секогаш. Домашните задачи се за веќе обработениот материјал и служат за негово утврдување.
– Дали го контролирате стекнатото знаење?
– Да скоро секогаш. Обично, за сите три поминати лекции за дома се дава независен тест, а потоа заедно ги проверуваме одговорите. На крајот на курсот постои и завршен тест.
– Ако веќе сте почнале да разговарате за резултатите и постигнувањата, кажете ми кое ниво на знаење на словенечкиот јазик треба да го постигнете, започнувајќи од нула, за сто часови настава?
– Целта на сите е A2 + на скалата на SEJO, но некои студенти се приближуваат дури и на B1.
– A за педесет часови под истите услови?
– A1 +/A2.
– Што ве радува кај слушателите?
– Најпријатната вест за мене е дека се спијателилие се словенечки студенти, со коишто веќе почнуваат да комуницираат на словенечки јазик. Или на пример да читаат литература на словенечки и да ја рабираат во целост. Сметам дека е прекрасно тоа што се толку страствени и активни и надвор од курсевите. Тоа укажува на големата мотивација којашто ја имаат.
Автор: Јулија Близнецова